ВМРО-ДПМНЕ: СДС да почне да го реализира ветеното
Според партијата, без разлика на повторувањето на грчките црвени линии од шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, СДС има обврска да не ги повтори грешките со изневерените очекувања како при ветувањето за по еден вработен од секое семејство.

Сите очекуваат СДС да го оствари и ветувањето за брз влез во НАТО и во ЕУ без притоа да се задира во идентитетските прашања и да се прават договори на штета на македонскиот народ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, без разлика на повторувањето на грчките црвени линии од шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, СДС има обврска да не ги повтори грешките со изневерените очекувања како при ветувањето за по еден вработен од секое семејство.
Затоа е време СДС да почне да го реализира ветеното, а не да се однесува како опозиција, велат од ВМРО-ДПМНЕ. СДС мора да почне да го испорачува тоа што го ветиле. Македонија се сака со дела, со многу работа и откажувања, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
