Димитров за „Фајненшл тајмс“: Македонија размислува за членство во НАТО под привремената референца
Димитров, кој в среда заминува за Атина, за британскиот весник вели дека ќе ја праша Грција каков сосед сака, односно дали сака стабилна, пријателска држава која нуди надеж, демократија и правда.

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, за „Фајненшл тајмс“ изјавил дека Македонија ја разгледува можноста за користење на привремената референца за зачленување во НАТО. Со тоа, според шефот на дипломатијата, би се смириле состојбите на Балканот и би се намалила опасноста од крвопролевање во регионот.
Димитров, кој в среда заминува за Атина, за британскиот весник вели дека ќе ја праша Грција каков сосед сака, односно дали сака стабилна, пријателска држава која нуди надеж, демократија и правда.
Според Димитров, каков било договор за ново име на Македонија ќе биде ставен на референдум и ќе биде предмет на меѓупартиски договори.
Првично, „Фајненшл тајмс“ го објави текстот со наслов дека Македонија ја разгледува можноста да го смени името за да влезе во НАТО, но беше направена корекција откако реагираше Министерството за надворешни работи.
