Брисел: Заев се сретна со Туск и со Могерини

12.06.2017 13:04

На агендата се средби и со еврокомесарот Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Целта на првата посета на Брисел по преземањето на должноста е владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и во НАТО, како стратешка цел на земјата...

Премиерот Зоран Заев во Брисел се сретна со високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск. На агендата се средби и со еврокомесарот Јоханес Хан, како и со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

Целта на првата посета на Брисел по преземањето на должноста е владата да ја потврди својата целосна посветеност на интеграците во ЕУ и во НАТО, како стратешка цел на земјата, и да ги презентира реформските приоритети во владината агенда за враќање на државата на патот на евроатланските интеграции, соопштуваат од Владата.

Заев е придружуван од вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шекеринска, вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Еден час пред средбата со Заев, еврокомесарот Хан на прес- конференција рече дека земјата конечно ја надминала политичката криза и дека денеска главна тема на разговорите ќе бидат итните реформски приоритети.