Обвинетите во „Диво насеље“ и денеска го бојкотираа судењето
12.06.2017 13:29
Обвинетите велат дека во судницата не се делело правда...

Обвинетите во случајот „Диво насеље“ и денеска го бојкотираа судењето, бидејќи како што велат, во судницата не се делело правда. Поради тоа, еден по еден беа изнесени надвор.
Тие бараат Советот да донесе наредба стражарски да се приведе разузнавачот Мемети Шенаси, откако тој и денеска не дојде на главната расправа.
