Матурантите го полагаа третиот предмет од државната матура
12.06.2017 13:31
Прелиминарните резултати треба да бидат објавени најдоцна до 14-јули. Првичните резултати ќе се објават за еден месец.

Матурантите денеска го полагаа третиот предмет од државната матура, математика. На 14-ти јуни ќе бидат тестирањата по екстерните предмети естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис.
Прелиминарните резултати треба да бидат објавени најдоцна до 14-јули. Првичните резултати ќе се објават за еден месец.
Учениците кои нема да положат испит во овој рок, имаат можност да полагаат повторно во август.
Вкупниот број матуранти кои треба да ја положат матурата е 16.426.
