Заврши државната матура
Речиси 14.000 матуранти го полагаа и последниот предмет од државната матура. Најголем дел беа тестирани по бизнис. Резултати ќе добијат за еден месец. Потоа, имаат рок од три дена да поднесат жалба до Држниот испитен центар.

Заврши државната матура, околу 14.000 матуранти го полагаа и последниот екстерен предмет. Најмногу пријавени имаше за бизнис, филозофија, биологија и историја. Ученици велат дека поминале лесно.
Матурата се одвиваше без проблеми, велат и од скопските училишта. Половина од матурантите во „Корчагин“ се пријавиле за да полагаат математика. Директорот Лукаревски очекува поголем успех од лани.
Со државната матура беа опфатени околу 16.000 средношколци. Учениците кои не полагаа во јуни ќе се тестираат во август.
Матурантите прелиминарните резултати ќе ги добијат на 14-ти јули. Оние кои ќе бидат незадоволни од оценката или од тестирањето ќе може да поднесат приговор до Државниот испитен центар.
Викторија Милевска
