Во Собранието стасаа владините предлози за нови заменици- министри
Во Собранието стасаа владините предлози за нови заменици- министри. Кире Наумов ќе оди во ресорот економија, Јани Макрадули во животна средина. Нухиу останува во МВР, но на втората позиција. Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ реагираа, побараа повеќе време да се дискутира за биографиите на предложените кадровски решенија...

Седницата за избор на заменици – министри, реприза на онаа за гласање на новата влада. ВМРО-ДПМНЕ побара точката да биде повлечена од дневен ред, поради како што рекоа, кршење на деловникот и парламентарната практика. Според нив, треба да поминат 10 дена од поднесување на предлогот, а потоа да се расправа во Собранието за вакви важни прашања.
Од парламентраното мнозинство побараа да се не се блокира работата на парламентот, зашто се е во согласност со регулативата и со демократските традиции. Се согласија да го прифатат барањето на опозицијата, изборот на заменици- министри да биде последна точка на агендата на петтата седница на Собранието. Тоа го образложија со потребата да се внесе конструктивен дух во дебатата и да се слушнат потребите и на опозицијата и на јавноста.
Пратениците на седницата ја усвоија одлуката за составот на 18 собраниски комисии, а го прифатија и престанокот на мандатот на заменикот на Народниот правобранител, поради исполнување услови за старосна пензија.
Игор Панов
