Расте бројот на крводарители
Над 18 илјади луѓе во Македонија даруваат крв. Бројот се зголемува, но од Црвениот крст велат дека мора да се работи на подигнување на свеста на граѓаните. Целта е резервите постојано да бидат на задоволително ниво. Одбележан Светскиот ден на крводарителството...

Расте бројот на крводарители во земјава- oд Црвениот Крст податок дека над 18,000 луѓе годишно даруваат крв, се собират по 55.000 крвни единици. Според организацијата, промоцијата на крводарителството меѓу младите е важно за да се поттикнуваат хуманите луѓе кои сакаат да ја даруваат оваа скапоцена течност.
Иако вратите на Институтот за трансфузиона медицина речиси секој ден се отворени за оние што сакаат да дадат крв, сепак треба да се работи на подигање на свеста за интензивирање на крводарителството. Резервите на крв во Институтот за трансфузиона медицина секогаш треба да бидат на потребното ниво.
Заедничката идеја на Црвениот крст и Институтот за трансфузиологија е да го промовираат крводарителството како важен чин кој треба да биде поддршка на оние што им е потребно.
Дијана Ценевска
