Продолжен рокот за пријавување субвенции

20.06.2017 10:14

Продолжен е рокот за пријавување за земјоделските субвенции. Наместо до 30-ти јуни, аплицирањето ќе трае до 15-ти септември. Одложувањето, според платежната агенција е поради технички проблем на системот за поднесување на барањата.

Земјоделците барањата за субвенции за 2017-та година ќе можат да ги поднесуваат до 15-ти септември.

Првиот датум за пријавувањето беше од 15-ти април до 30-ти јуни, но поради техничк проблем во платежната агенција рокот за доставување на документите е продолжен.

Крајниот рок до 15-ти септември е одреден поради потребата од најмалку 2 и пол месеци за да им се овозможи на скоро 80.000 земјоделци да се пријавуват за субвенции за 2017-та година.

Се очекува дека по отстранувањето на техничкиот проблем пријавувањето на земјоделците за финансиската поддршка би можело да почне од почетокот на јули.

Исправен е и проблемот за условот за добивање на субвенции за насадите со лешници за 2017-та година, каде што наместо 270 по грешка беа напишани 500 стебла.

 

Методија Трајков