ВМРО-ДПМНЕ: СДС ја претвора државата во алатка на партијата

20.06.2017 10:30

СДС додека беше во опозиција најавуваше департизација и деполитизација на институциите и државниот апарат...

Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите и државниот апарат додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека беа опозиција тие го проблематизираа фактот што Гордана Јанкулоска беше и министер и партиски функционер. Сега граѓаните гледаат дека едно е СДС во опозиција, а друго кога е на власт, стои во дописот.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Спасовски е назначен за потпретседател на СДС бидејќи треба да ги реализира нарачаните партиски чистки во МВР и да ги елиминира професионалците кои изминатиот период работеа на случаите против криминалците и наркодилерите блиски до Заев.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во МВР, Обвинителството и судот да не потклекнуваат на политичките притисоци од СДС, се вели во соопштението од партијата.