ВМРО-ДПМНЕ: СДС ветува само кога е во опозиција

21.06.2017 13:29

Социјалдемократскиот сојуз се расфрла со секакви ветувања и ветува брда и планини само кога е во опозиција, но кога е на власт, очигледно ништо од ветеното не планира и нема намера да го исполни и реализира...

Кога се во опозиција зборуваат едно, а на власт сосема друго. Ова е реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на ставот на владата на СДС и на министерката Мила Царовска која го одби барањето за продолжување на породилното отсуство.

„Очигледно се обидуваат на секој можен начин да ја задушат граѓанската иницијатива, иако во предизборието на големо ветуваа дека токму граѓанските иницијативи секогаш ќе ја имаат нивната поддршка. Од една страна гласно велеа дека ќе ја поддржат иницијативата, од друга страна без око да им трепне ја одбиваат“- изјави Нола Исмајлоска-Старова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно, Социјалдемократскиот сојуз се расфрла со секакви ветувања и ветува брда и планини само кога е во опозиција, но кога е на власт, очигледно ништо од ветеното не планира и нема намера да го исполни и реализира- велат од партијата.