ВМРО-ДПМНЕ: Бараме увид во тоа што Заев го договорил во Софија

21.06.2017 15:01

„Дали изјавите на Зоран Заев околу заедничката историја значат дека македонскиот народ во минатото немал своја посебна? Дали е Заев свесен колку се опасни овие тези?“- праша на денешната прес- конференција Трајко Вељаноски.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека со постапките на Заев во Софија се задира во идентитетот и во историјата на македонскиот народ. Партијата бара увид во тоа што договорил македонскиот премиер. Порачуваат- Илинденското востание е автохтоно и македонско, сѐ друго е обид за демакедонизација на државата.

„Дали изјавите на Зоран Заев околу заедничката историја значат дека македонскиот народ во минатото немал своја посебна? Дали е Заев свесен колку се опасни овие тези?“- праша на денешната прес- конференција Трајко Вељаноски.

Од партијата наведуваат дека покрупно прашање е прашањето на јазиците на кои би се потпишал договорот. ВМРО-ДПМНЕ инсистирало и ќе инсистира дека македонскиот јазик мора да биде експлицитно наведен. Македонскиот јазик постои. Македонскиот јазик е меѓународно признаен и кодифициран. Секој обид за градење на добрососедските односи мора да разбере взаемно почитување и признавање на посебноста, а не задскривање зад флоскули од типот „јазикот наведен во Уставот“.