Најголема финансиска поддршка за растителното производство
Со директни плаќања во 2017-та година земјоделците треба да добијат финансиска поддршка од скоро 100 милиони евра. Средствата се распределени во сите делови од аграрот, а најголемиот дел од парите се наменети за покривање на трошоците за растителното произвотство.

Земјоделците ќе добијат повеќе од 32,5 милиони евра за растителното производство, а сточарите 19,2 милиони евра.
Засега за субвенционирање остануваат досегашните мерки за дополнителната финансиска поддршка за развој на земјоделството, односно помошта за осигурување, помошта за младите земјоделци, за регистрираните земјоделци, за нивите и фармите кои се наоѓаат во планинските неразвиени подрачја, како и помошта за штетите настанати од временски непогоди.
Висината на финансиска поддршка учествува со 5 до 50 проценти од вкупните трошоци во зависност од културата која се одгледува.
Поради сезонскиот карактер на производството, пријавувањето и крајните рокови за почеток и крај на исплатата на парите се одредени со годишен календар.
Секоја година финансиската поддршка стартува и први ја добиваат тутунарите.
Методија Трајков