ВМРО-ДПМНЕ: Заев е ризичен за македонскиот народ

22.06.2017 13:04

Ова е реакција на посетата на Заев на Бугарија при што од оваа партија повторно се бара да се стави на увид договорот што треба да биде потпишан на 2-ри август во Македонија.

Зоран Заев е сериозен ризик за македонските национални интереси, ВМРО-ДПМНЕ прашува каде премиерот ги видел национализмот и омразата во однесувањето на Македонија? Ова е реакција на посетата на Заев на Бугарија при што од оваа партија повторно се бара да се стави на увид договорот што треба да биде потпишан на 2-ри август во Македонија.

Инаку, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска има средба со шефицата на европската дипломатија Могерини, а присуствува и на дводневниот  самит на Европската народна партија во Брисел.