Нимиц на 2-ри јули во посета на Македонија

27.06.2017 17:06

Според нашите информации, Нимиц ќе ја посети само земјава, но не и Атина. Предвидени се средби со државниот врв.

Специјалниот претставник на Обединетите нации и медијатор во спорот за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц на втори јули доаѓа во Скопје.

Според нашите информации, Нимиц ќе ја посети само земјава, но не и Атина. Предвидени се средби со државниот врв.

Медијаторот пред неколку недели, во интервју за грчки весник изјави дека решавањето на прашањето за името треба да биде високо на агендата на новата Влада.