Почнува запишувањето ученици во средно образование

28.06.2017 10:08

Денеска и утре трае првиот јунски уписен рок, резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 30-ти јуни...

Почнува запишувањето на учениците во јавните средни училишта. Денеска и утре трае првиот јунски уписен рок, резултатите од запишувањето и слободните места ќе бидат објавени на 30-ти јуни.

Квалификациското тестирање е закажано за 3-ти, а резултатите ќе бидат објавени на 4-ти јули. Второто пријавување од јунскиот рок е на 5-ти јули, а резултатите ќе бидат објавени на 6-ти јули.

Во наредниот уписен рок, учениците ќе може да се запишуваат на 24-ти, со резултати кои ќе се објават на 25-ти август. Училиштата кои нема да ги пополнат утврдените ученички места ќе продолжат со запишувањето до 31-ви август годинава.

Откако се укина екстерното тестирање има измени во конкурсот во кои се избришани условите поврзани со резултатите од ова тестирање на успехот на ученикот.