Температури и до 42 степени, освежување од недела

28.06.2017 10:38

Вистински африкански топлотен бран. Температурата ќе достигне и до 42 целзиусови степени.

Деновиве до недела се очекува многу топло време. Вистински африкански топлотен бран. Температурата ќе достигне и до 42 целзиусови степени.

Од четврток до сабота во поголем дел од земјава максималната температура ќе надмине 35, а вдолж Повардарието и 40 степени. Во четврток ќе дува засилен југозападен ветер.

Веќе од недела попладне и во текот на ноќта кон понеделник, поради продор на влажна и посвежа воздушна маса од север, се очекуваат врнежи од дожд и грмежи.  Од понеделник ќе има драстично намалување на температурата од 10 степени, во однос на претходните денови.