Тлото во Охридско не се смирува
Ноќеска во 3 часот и 45 минути е регистриран уште еден потрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер. Епицентарот бил на 6 километри источно од Охрид, во Косел, на длабочина од 6 километри.

Тлото во Охридскиот регион не се смирува. Ноќеска во 3 часот и 45 минути е регистриран уште еден потрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер. Епицентарот бил на 6 километри источно од Охрид, во Косел, на длабочина од 6 километри.
Серија земјотреси во Охридско беа регистрирани и вчера. Најсилниот се случи околу пладне, со јачина од 4 степени според Рихтер.
Земјотресите кои повеќе од 10 дена го тресат Охрид предизвикаа вознемиреност кај граѓаните. Тие бараат стручни лица да излезат на терен и да ги испитаат причините за тресењето на тлото под Охрид, каде што во овој период се регистрирани над 800 земјотреси, во најголем дел со слаб интензитет.
