Џафери во официјална посета на Црна Гора

03.07.2017 10:34

Во рамките на официјалната посета, Џафери ќе оствари средби со црногорскиот државен врв и со градоначалникот на општина Улцињ...

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, на покана на претседателот на црногорското собрание, Иван Брајовиќ е во прва официјална посета на Црна Гора.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието, во рамките на официјалната посета, Џафери ќе оствари средби со црногорскиот државен врв и со градоначалникот на општина Улцињ.