Македонија кодомаќин на средба со Мајк Пенс
Македонија заедно со Црна Гора е и кодомаќин на настанот. Групата Јадранска Повелба е формирана под покровителство на САД во 2003 година и има за цел да ги координира активностите за поддршка на земјите аспиранти за членство во НАТО.

На 2-ри август во Подгорица ќе се одржи средба на потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Мајк Пенс, со високи претставници на земјите- членки и на земјите набљудувачи, членки на Јадранската Повелба, чиј претседавач годинава е Македонија, соопштуваат од Владата.
Македонија заедно со Црна Гора е и кодомаќин на настанот. Групата Јадранска Повелба е формирана под покровителство на САД во 2003 година и има за цел да ги координира активностите за поддршка на земјите аспиранти за членство во НАТО.
Македонија, заедно со Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина е членка на Јадранската Повелба , а Србија, Косово и Словенија имаат статус на земји набљудувачи во групата.
