СЈО поднесе вкупно 30 жалби до Кривичниот суд

06.07.2017 14:48

До Кривичниот суд, СЈО поднесе вкупно 30 жалби. Предходно судот ги одби сите барања за притвор што ги побара Специјалното обвинителство за обвинетите во 18 случаи.

Специјалното јавно обвинителство ги поднесе последните пет жалби за случајот „Титаник“ на решенијата на кривичните совети со кои беа одбиени барањата за притвор на високи функционери од ВМРО-ДПМНЕ.

До Кривичниот суд, СЈО поднесе вкупно 30 жалби. Предходно судот ги одби сите барања за притвор што ги побара Специјалното обвинителство за обвинетите во 18 случаи.

Кривичните совети им одредија мерки на претпазливост и одземање на патните исправи.