МВР со потерници по Грујевски и Бошкоски

31.07.2017 11:34

МВР интензивно работи на пронаоѓање на бегалците. Се проверуваат локации во Скопје, Маврово, Охрид и други градови, а распишани се и меѓународни потерници, велат од полицијата.

Профилите на обвинетите во Таргет- Тврдина кои се во бегство се објавени на интернет-страницата на Министерството за внатрешни работи во делот Потраги. Ексначалникот на Петтата управа и вработениот во МВР, Горан Грујевски и Никола Бошкоски, се бараат по наредба на Скопска апелација за кривичните дела: злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа.

МВР интензивно работи на пронаоѓање на бегалците. Се проверуваат локации во Скопје, Маврово, Охрид и други градови, а распишани се и меѓународни потерници, велат од полицијата.

Откако на обвинетите во случајот Таргет- Тврдина им беше одреден 30-дневен притвор, полицијата не ги најде дома. Тие од СЈО се обвинети за нелегално прислушување со злоупотреба на системите за следење и за нивно физичко уништување.