Министерството ги превзема сите активности за случајот со хеморагична треска
Ресорното министерство информираше за преземените активности во врска со двата смртни случаја од вирусна хеморагична треска. Велат, на 26-ти јули, по известување од директорот на Клиниката за инфективни болести, бил одржан итен состанок на Комисијата за заразни болести.

Министерството за здравство информираше за преземените активности во врска со двата смртни случаја од вирусна хеморагична треска. Велат, на 26-ти јули, по известување од директорот на Клиниката за инфективни болести, бил одржан итен состанок на Комисијата за заразни болести.
Епидемиолог од Институтот за јавно здравје извршил увид на клиниката, а пациентите се изолирани. Сите ги поврзува престој на бачилото каде што биле и починатите.
Доставени се материјали за испитување во земјава, Косово и во Тирана. Бил формиран тим за посета на Симница. Извршен е епидемиолошки увид, дезинфекција и дератизација, земени се мостри.
Имало и втор состанок по информацијата за примени нови три пациенти. Агенцијата за храна и ветеринарство спровела теренски увид на Бачилото.
Потоа се добиени позитивни резултати за присуство на Хантан вирус кај починатите лица.
