Премиерот и министрите на куси одмори во август
Како што информираат од владината прес- служба, премиерот во почетокот на август, откако ќе заврши потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија и одбележувањето на 2-ри август, неколку дена со семејството ќе биде во Охрид.

Премиерот Заев и министрите нема да имаат класични летни одмори. Речиси сите планираат да одмараат неколку дена или да користат продолжени викенди. Како што информираат од владината прес- служба, премиерот во почетокот на август, откако ќе заврши потпишувањето на договорот за добрососедство со Бугарија и одбележувањето на 2-ри август, неколку дена со семејството ќе биде во Охрид.
Министерката за одбрана Шеќеринска, 5 дена ќе летува во Грција. Вицепремиерот Анѓушев без конкретна дестинација, за одмор ќе ги користи викендите. Министрите за надворешни работи, за администрација и за култура, Димитров, Манчевски и Алаѓозовски планираат краток одмор во Грција.
Министерот за здравство Таравари ќе оди во Бугарија, а вицепремиерот Османи за викендите ќе се разладува на плажите во Албанија. Првиот финансиер Тевдовски поради работните обврски околу ребалансот на буџетот, ќе има краток одмор после 6-ти август.
Краток летен одмор планира и министерот за земјоделие Николовски. Министерката за труд и социјала Царовска можеби воопшто нема да одмара летово. Министерот за внатрешни работи Спасовски, поради организацијата на УЕФА супер купот, ќе остане во Скопје.
Одмор нема да користат министрите без ресор Самка Ибраимовски и Аднан Ќахил.
