Одбележани 71 година од херојската смрт на Мирка Гинова

31.07.2017 13:28

Народниот херој Мирка Гинова е мегу ретките жени хероини што ја прифатиле и слават и Македонците и Грците. Таа е еден од најсветлите ликови за Егејскиот дел од Македонија што се борела против фашистичкиот окупатор. Деновиве се одбележаа 71 година од нејзината херојска смрт...

Мирка Гинова, или една од ретките жени што како народен херој ја чествуваат и Македонците и Грците. Учителката по вокација важеше за една од најважните политички фигури во Воденскиот регион во периодот од крајот на Втората Светска војна и почетокот на граѓанската војна во Грција. Со храбрите дела на тогашната активистка на Комунистичката партија на Грција и член на Народноослободителниот фронт на Македонците од Егејот и денеска се гордеат членовите на потесното семејство.

„Свекор ми секогаш ни зборуваше за Мирка, неизбежни беа тие приказни зошто имаше убиено во војната уште два синови. Но, велеше- тие загинаа од куршум со помалку болка за Мирка. Му беше тешко за тоа што била многу измачувана“, вели снаата од брат, Марија Гинова.

„Се восхитувам на нејзината храброст, од мала сум растена со кажувањата на татко ми за неговата сестра. Тоа беше пресудно нејзините идеи и пат и јас да ги следам“, вели внуката Елизабета Ристевска.

За храброста на Гинова сведочат и записите во историските депоа.

„Таа уште пред војната е член на прогресивното македонско и грчко движење. Се борела на Елас и уште многу други битки и токму затоа била одредена да биде раководител на Антифашистичкиот фронт на жените во Воденскиот регион“, вели историчарот и директор на Битолскит завод и музеј, д-р Александар Литовски.

Богатата револуционерна активност згаснува на 26-ти јули 1946 година. Случајно била заробено со група соборци. Грчката власт веднаш ги осудува без да им даде право да се жалат- го надоплнуваат херојското дело од битолскиот Сојуз на борците.

„Во историјата на грчкото правосудство ќе остани запаметено дека Мирка Гинова е првата жена егзекутирана поради што тоа што членува во политичка партија“, вели претседателот на битолскиот Сојуз на борци, Александар Трајковски.

И во последните моменти од животот фанатична храброст. Тоа било повод еден од грчките војници кој учествувал во стрелањето да напише писмо до семејството за храброто држење на хероината што дала голем придонес во Борбата за македонската самобитност.

Стевче Митревски