Заев очекува Зврлевски да биде сменет пред годишните одмори на пратениците
Верувам во ефикасноста на Парламентот, зошто таа ефикасност во донесувањето на одлуките ќе ја придвижи македонија побрзо кон аспирациите за евроатлантско интегрирање.

Премиерот Заев очекува јавниот обвинител Марко Зврлевски да биде сменет од функцијата пред годишните одмори на пратениците. Верувам во ефикасноста на Парламентот, зошто таа ефикасност во донесувањето на одлуките ќе ја придвижи македонија побрзо кон аспирациите за евроатлантско интегрирање.
Дел од тие аспирации е конечното враќање на независноста на правосудството во Македонија, како една од најважните реформи, изјави Заев во Криволак.
Според информациите од пратениците на СДСМ, тие не планираат да земат летен одмор се додека не ја тргнат од дневен ред точката за разрешување на јавниот обвинител.
Опозицијата не се согласува со тврдењата дека Зврлевски несовесно и непрофесионално ја вршел функцијата.
Претседателот на Собранието Талат Џафери најави дека на 8-ми август Собранието треба да замине на колективен одмор. Предходно, на 6-ти Џафери треба да ги распише локалните изборите.
