Пожарот во атарот на Требовље сѐ уште е активен
Донесена е одлука во текот на денешниот ден за гаснење на пожарот да бидат ангажирани воздушните летала на Дирекцијата за заштита и спасување...

Пожарот во атарот на село Требовље, во близина на Македонски Брод, сѐ уште е активен, соопшти Центарот за управување со кризи. Состанок синоќа одржа регионалниот штаб за управување со кризи на подрачното оделение.
Донесена е одлука во текот на денешниот ден за гаснење на пожарот да бидат ангажирани воздушните летала на Дирекцијата за заштита и спасување. Центарот за управување со кризи соопшти дека вчера во Требовље биле распоредени екипи од Дирекцијата за заштита и спасување, на шумското стопанство, територијалната противпожарна единица на Македонски Брод и лица од месното население.
Поддршка на силите во гасењето на пожарите дава и АРМ со хеликоптери, кои беа ангажирани и во изминатите денови. Пожарот во атарот на Требовле вчера во попладневните часови се приближил до селото.
На терен интервенирале дополнителни сили, противпожарни екипи на Тетово, Струга, Гостивар, Куманово, информираа од Центарот за управување со кризи.
