Од утре собраниска дебата за прекројувањето на државната каса

31.07.2017 14:09

Пратениците може да дебатираат најмногу 5 дена. Во расправата на Комисијата за финансирање и буџет, од поднесените 840, беа разгледани 62 амандмана.

Расправата за прекројувањето на државната каса од утре се префрла во собраниската пленарна сала. Пратениците може да дебатираат најмногу 5 дена. Во расправата на Комисијата за финансирање и буџет, од поднесените 840, беа разгледани 62 амандмана.

Владата определи дополнителни 25 милиони денари по одредени ставки и се пренаменуваат финансиски средства согласно со потребите на буџетските корисници, информираа од прес службата. Вкупните расходи со ребалансот се проектирани на 203 милијарди денари, приходите на 184 ипол, а дефицитот на 18 ипол милијарди денари.

Целта е да се намалат непродуктивните трошоци, велат од ресорот финансии. Се крати од ставките за службени патувања, рекламирање, економски презентации, со што се обезбедува простор за  зголемување на минималната плата, решение за стечајците, поддршка за малите и средните претпријатија и земјоделците, укинување на радиодифузната такса, велат од владата.

Опозицијата смета дека ребалансот е неразвоен, и се кратат средства за капиталните инвестиции. Од ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека најмногу средства се кратат во образованието.