ВМРО за Македонија со поддршка за договорот со Бугарија
ВМРО за Македонија го поддржува договорот за добрососедство со Бугарија. Коалицијата информираше дека донеле одлука да учествуваат на локални избори со свои кандидатски листи градоначалници и советници во речиси сите општини.
Според коалицијата ВМРО за Македонија договорот со Бугарија е историски и ќе значи отворање на патот на Македонија кон НАТО и Европската унија. Добро е што ќе биде потпишан за Илинден, велат од таму бидејќи така ќе бидат надминати стереотипите дека Бугарија е непријател на Македонија.
Во коалицијата ВМРО за Македонија донесле одлука да учествуваат на престојните локални избори со свои кандидатски листи за советници и градоначалници во речиси сите општини. Од таму потврдија дека се отворени за можни коалицирања со други политички субјекти.
Со републичкиот изборен штаб ќе раководи Генералниот секретар на ВМРО- Народна, Љупчо Балковски.
Фиљана Кока