Заев и Борисов ќе го потпишат Договорот за добрососедство
Основа е декларацијата за пријателство потпишана меѓу двете земји во 1999 година. Како што стои во Договорот, ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија.

Бугарска државна делегација предводена од премиерот Бојко Борисов ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Македонија. Во Владата, премиерите Заев и Борисов ќе го потпишат Договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија.
Основа е декларацијата за пријателство потпишана меѓу двете земји во 1999 година. Како што стои во Договорот, ќе биде потпишан на македонски јазик според Уставот на Република Македонија и на бугарски јазик според Уставот на Република Бугарија.
Во рок, најдоцна до три месеци од влегувањето во сила на овој договор, со цел продлабочување на заемната доверба, двете договорни страни ќе формираат заедничка мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, врз паритетна основа, за да придонесе за објективно и засновано на автентични и на докази засновани на историски извори, научно толкување на историските настани.
Комисијата ќе поднесува едногодишен извештај за својата работа пред владите на двете држави. Според Договорот, двете договорни страни, со заемна согласност, ќе организираат заеднички чествувања на заеднички историски настани и личности, насочени кон зајакнување на добрососедските односи во духот на европските вредности.
