Почна собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

01.08.2017 13:29

Се крати од ставките за службени патувања, рекламирање, економски презентации. Опозицијата смета дека ребалансот е неразвоен и дека се кратат пари за капитални инвестиции.

Ребалансот на буџетот на пленарна седница. Ќе овозможи намалување на непродуктивните трошоци и отворање простор за реализирање нови мерки на владата, нагласи во експозето првиот финансиер Тевдовски.

Се крати од ставките за службени патувања, рекламирање, економски презентации. Опозицијата смета дека ребалансот е неразвоен и дека се кратат пари за капитални инвестиции.

За прекројувањето на државната каса се дебатира најмногу пет дена.