Прдолжува расправата за ребалансот на буџетот
Ребалансот се темели на реална прогноза за раст на БДП од 2,2%, наспроти проекциите на НБРМ, Светска банка и Европската комисија од 2,5, односно 2,8 или 2,9 насто.
Собранието денеска треба да ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот. Министерот за финансии Тевдовски во вторникот пред пратениците ги образложи измените и дополнувањата на буџетската каса. Тврди дека се намалуваат непродуктивните трошоци за реализација на мерки за зајакнување на социјалната кохезија.
Ребалансот се темели на реална прогноза за раст на БДП од 2,2%, наспроти проекциите на НБРМ, Светска банка и Европската комисија од 2,5, односно 2,8 или 2,9 насто.
Опозицијата обвини за кратење на капиталните инвестиции, потег што според нив не носи економски развој.
Расправата во Собранието ќе трае најмногу пет дена.