На граничните премини се чека до половина час
07.08.2017 08:44
На граничните премини има задржувања од 20 до 30 минути, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. На граничните премини има задржувања од 20 до 30 минути, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
