Собранието ќе расправа за разрешувањето на Зврлевски
Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата го поднесе Владата поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.

Собранието треба да ја продолжи расправа по предлогот за разрешување на Јавниот обвинител, Марко Зврлевски. Предлогот Зврлевски да биде разрешен од функцијата Јавен обвинител е поднесен од Владата поради, како што се наведува во образложението, незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата.
На дневен ред на шестата седница се и преку 30 точки меѓу кои и годишниот извештај на Народниот правобранител, информацијата за состојбата со дивата депонија во Струга, годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, финансискиот план на Агенцијата за супервизија на осигурување за 2017 година, предлог- одлуката за одобрување на финансискиот план на Македонската радио телевизија за 2017 година.
Во Собранието денеска ќе заседаваат и комисиите за здравство, за култура, за труд и социјална политика и за прашања на изборите и именувањата.
