Прилеп: Живот на 40 степени

07.08.2017 10:58

Живот на близу 40 степени. Без изложување на жештините, да се почитуваат препораките, им порачуваат лекарите и на Прилепчани. Од прилепски водовод со апел- внимателно со водата, количествата се намалени. Веќе се ативирани и бунарите. Пожарникарите водат битка моментално со два пожари во прилепско...

Жешко и тешко, ама дисциплинирано. Таков е впечатокот кога Прилепчани одговараат на прашањето: Како излегуваат накрај со летните горештини? Итната медицинска помош, за време на викендот во просек има по 170 интервеции, главно хроничните болни, што е за 30-ина насто повеќе. Граѓаните подисциплинирани се од лани, се придржуваат на препораките.

И пожарникарите се обидуваат да излезат накрај. Во прилепско се активни два пожари, а напомош одат и за големата огнена стихија во Македонски Брод.

Има вода, но сушата зема данок. Од „Студенчица“ доаѓаат 180, а од активираните бунари уште 100 литри вода во секунда. Водата е хемиски и бакетриолошки исправна.

Живот на близу 40 степени целзиусови. Главно е да се почитуваат лекарските препораки.

 

Елизабета Митреска