Средба на Џафери со бугарскиот спикер Главчев

08.08.2017 13:25

Средбата се случува една недела по потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија...

Спикерот Талат Џафери денеска во Скопје се сретна со неговиот бугарски колега Димитар Главчев.

Средбата се случува една недела по потпишувањето на Договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија, еден од условите за приближување на земјава кон евроатланските асоцијации.