Состојбата со пожарите се нормализира

08.08.2017 14:34

Локализирани пожарите во Македонски Брод и во Чашка. Иако се под контрола екипите интервенираат за нивно конечно гаснење. Илјадници хектари шума изгореа во незапаметените огнени стихии во земјава...

Состојбата со пожарите во земјава е нормализирана, тврди првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување, Шабан Салиу. Тој посочи дека не се загрозени имотите и животите на граѓаните на ниту една од локациите опфатени со огнените стихии. Моментално сите три авиони на Дирекцијата, иако има само три пилоти, се ангажирани на локациите каде што се појавува чад или евентуално ќе се појави пожар, вели Салиу. Тој побара од сите политички субјекти да не прават политика од пожарите.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека сè уште има активни пожари во Македонија. И натаму гори во околината на Македонски Брод, во селото Волче и во подножјето на Сува Гора.

Активни пожари има и во околината на Тетово во селото Туденце. На терен се ангажирани екипите на противпожарните бригади, мештани, вработени во „Македонски шуми“. Некои од пожарите се гаснат со помош на хеликоптери на АРМ, велат од ЦУК. Во Македонија пристигнаа и два авиони од Израел, а изминативе денови во гаснењето беа вклучени и еден турски и еден бугарски хеликоптер.

 

Фиљана Кока