Македонија и следните три дена во портокалова фаза
08.08.2017 14:56
Од Министерството за здравство информираат дека препораките за заштита од топлотниот бран сѐ уште се во сила.

Македонија и во следниве три дена ќе биде во портокалова фаза. Од Министерството за здравство информираат дека препораките за заштита од топлотниот бран сѐ уште се во сила.
Од ресорот посочуваат дека од работни обврски треба да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 години. Работодавачите, пак, треба да го реорганизираат работното време за да се избегнат активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот.
На хронично болните им се препорачува редовно да ја земат препишаната терапија и при појава на каков било здравствен проблем да се јават на лекар.
