ВМРО-ДПМНЕ: Предлог за отповикување на министерката Царовска
Од партијата, како што велат, министерката не ги консултитрала ниту граѓаните, ниту општините за стратегијата за мигранти.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за отповикување на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска. Од партијата, како што велат, министерката не ги консултитрала ниту граѓаните, ниту општините за стратегијата за мигранти.
„Причината за тоа се два документи, едниот е Стратегијата за мигранти, беглаци и странци 2017-2027, а вториот е Акциониот план со 71 проект за мигранти, странци и бегалци во Република Македонија само во 2017 година. Министерката за труд и социјална политика ниту ги консултираше граѓаните, ниту граѓаните се запознаени, ниту се консултирани општините, ставени се пред свршен чин, а тука ваков стратешки долгорочен документ за иднината на Република Македонија се протуркува без одобрување на граѓаните“, изјави Владимир Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата сметаат дека ресурсите и буџетот на Република Македонија првенствено и примарно треба да бидат искористени за потребите на граѓаните на Република Македонија.
