ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Заев и Царовска ќе направат од Македонија мигрантска населба

09.08.2017 10:45

Евтината работна сила ќе предизвика намалување на платите и нови отпуштања, велат во ВМРО-ДПМНЕ која реагира на најновата Стратегија за мигранти за 2017- 2027 година.

Со доселувањето на мигрантите директно е нападната економската сигурност на македонските граѓани. Евтината работна сила ќе предизвика намалување на платите и нови отпуштања, велат во ВМРО-ДПМНЕ која реагира на најновата Стратегија за мигранти за 2017- 2027 година.

СДС, Заев и Царовска ќе направат од Македонија една мигрантска населба. Ќе се отвори и прашањето за безбедносната состојба, велат во оваа партија, а СДС не размислува за приоритетите на македонските граѓани.

ВМРО- ДПМНЕ нема да дозволи Македонија да биде колатерална штета на погубната политика на СДС и Заев, велат во партијата.