Вчерашната фудбалска вечер помина без лекарски интервенции

09.08.2017 11:22

На Клиниката за токсикологија не е примен ниту еден пациент, во службата за Итна медицинска помош не се регистрирани колапси, а само еден странски државјанин со скршеница на рака е транспортиран во Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

Според информациите од дежурните екипи, во текот на вчерашната вечер околу одржувањето на Супер купот на УЕФА, не е регистрирано зголемување на вообичаениот број интервенции, соопшти Министерството за здравство.

На Клиниката за токсикологија не е примен ниту еден пациент, во службата за Итна медицинска помош не се регистрирани колапси, а само еден странски државјанин со скршеница на рака е транспортиран во Клиниката по хируршки болести „Св.Наум Охридски“.

Од Ургентниот центар во комплексот клиники информираат дека ноќта поминала мирно и без зголемен број интервенции. Оваа состојба покажува зголемена свесност кај граѓаните и почитување на здравствените препораки.