СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ е против добрососедските односи
Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ со поднесената интерпелација останува заробена во минатото и во политиките на поделби, изолација, раздор и конфликти, на штета на државните и интересите на граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ е против добрососедските односи, Министерството за надворешни работи ја зајакнува меѓународната позиција на Македонија- одговори СДСМ на најавата за интерпелација за министерот Димитров.
Според партијата, ВМРО-ДПМНЕ со поднесената интерпелација останува заробена во минатото и во политиките на поделби, изолација, раздор и конфликти, на штета на државните и интересите на граѓаните.
Од СДСМ за договорот тврдат дека е целосно во согласност со националните интереси на нашата држава. Сметаат дека се поднесуваат неиздржани интерпелации за да се закочат реформите.
