Висината на пензијата за националните уметници на собраниска комисија

09.08.2017 16:12

Висината на пензијата за националните уметници на матичната собраниска комисија. Култура предлага нов начин на пресметување и фиксен максимален износ. Опозицијата против- бара да останат постојните одредби и да се прошири листата на оние кои ќе ја добиваат...

Култура предлага нов начин на пресметување на пензијата за национален уметник која заедно со редовната не би надминувала 38.350 денари. Според надлежните, досега овој надоместок се менувал и ланската највиска пензија изнесувала 47.873 денари.

Од ресорот култура велат дека никому нема да му биде законски ускратено правото да добива национална пензија, туку само ќе се лимитира максималниот износ.

Опозицијата е против ваквиот предлог. Со амандман побара да останат постојните одредби и освен за 66-мина кои досега ја добивале пензијата да важи и за идните добитници на значајни државни награди за животно дело.

Од парламентарното мнозинство ги подржаа законските измени, поради тоа што, како што рекоа, значително се намалени средствата за плати во дејноста култура со усвоениот ребаланс на буџетот.

Законските измени предвидуваат и укинување на менаџерскиот договор за директорите на националните установи кои досега според постојната легислатива беа превидени како обврска.

 

Игор Панов