Незаборав за бранителите на Македонија
Пред 16 години во експлозија на две противтенковски мини загинаат осум припадници на резервниот состав на Армијата кај Љуботенски Бачила.

Кога се дава животот за татковината, не бледнеат сеќавањата. 10-ти август 2001-ва година, дата врежана во поновата историја на Република Македонија. Кај месноста Љуботенски Бачила, животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.
Пред спомен- обележјето во село Љубанци, венци со цвеќиња положија членовите на семејствата на загинатите, делегации од Кабинетот на претседателот на Република Македонија, Владата, ГШ на АРМ, здруженија на граѓани, политички партии.
Пред 16 години загинаа 8-мина припадници на АРМ откако нивниот камион налета на нагазна мина на патот кај Љуботенски Бачила.
Во рамките на одбележувањето се одаде почит и во село Волково и пред спомен- обележјето, во касарната „Илинден“.
Ана Јосифоска- Тодоровска
