Митревски: Царовска прави обид за незаконска смена на раководството на ССМ

10.08.2017 17:31

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Живко Митревски со тврдење дека министерката за труд и социјална политика прави обид за незаконска смена на раководството на ССМ. Соопшти дека против Царовска поднеле кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување.

На прес конференција Живко Митревски посочи дека тој и понатаму е претседател на ССМ. Се друго, како што рече, претставува обид за незаконска смена на раководството од страна на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Митревски наведе дека против Царовска поднесле кривична пријава за „злоупотреба на службена положба и овластување“, а доколку таа не го повлече, како што рече, незаконското решение, тогаш да си даде неотповиклива оставка. Митревски не исклучува и масовни протести.

Преку соопштение се огласи Министерството за труд и социјална политика. Во него се вели дека изнесените обвинувања на Живко Митревски се неосновани, неаргументирани и неточни. Решението кое што Министерството го прогласи за ништовно е врз основа на член 124 од Законот за општа управна постапка, а не врз основа на Законот за работни односи, како што тврди Митревски, стои во соопштението.

Претходниот министер Ибрахим Ибраими го поништил решението донесено од страна на поранешната министерка Фросина Ременски, а согласно споменатиот член, министерството нема законски услови да го поништи тоа решение, се вели во писмената реакција на Министерството за труд и социјална политика.

 

Фиљана Кока