ВМРО-ДПМНЕ: Македонија гори, СДС не реагира

11.08.2017 10:16

СДС го интересира само антидржавната агенда и летните одмори, велат од партијата...

Македонија гори, а СДС не реагира- пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Оттаму велат, СДС го интересира само антидржавната агенда и летните одмори.

Граѓаните сами се борат со огнените стихии, а министерот за земјоделство мистериозно го снема од земјава- велат во ВМРО-ДПМНЕ. Ниту еден пожар не е локализиран навреме поради слабата интервенција и неспособноста на владата на Заев, а пратениците на СДС бегаат од дебата во Собранието за настанатите пожари- пишува во дописот на ВМРО-ДПМНЕ.