Повторно пожар кај Трескавец
Иако беше вчеравечер згаснат, пожарот околу 9 часот изутрината повторно избувнал. Пожарот според нашиот дописник се појавил кај предавателите во близина на манастирот. Во прашање е повторно човечки фактор...

Повторно се разгоре пожарот кај манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во месноста Трескавец кај Прилеп. Иако беше вчеравечер згаснат, пожарот околу 9 часот изутрината повторно избувнал.
На терен се околу 60-ина припадници на Противпожарната бригада, на локалното население, претпријатијата од Прилеп. Пожарот според нашиот дописник се појавил кај предавателите во близина на манастирот.
Во прашање е повторно човечки фактор. Жителите од околните села бараат помош и интервенција на надлежните за да се заштити светилиштето.
И трета недела гори во општина Македонски Брод. Најкритично е кај селата Растеш, Грешница и Волче. Пожари се појавија и на планината Бистра- во кичевскиот регион.
И натаму е критично во општина Чашка, каде што покрај Брод, владата прогласи едномесечна вонредна состојба.
Горат површини во кавадаречко и во прилепско. Активен е и пожарот кај Велес. Локализирани се пожарите во Ѓорче Петров, Петровец и Студеничани.
