Јапонски Ракутен го презема Вајбер за 900 милиони долари

14.02.2014 11:45

Оваа зделка е последна во низата агресивни аквизиции на Ракутен...

Ракутен, една од најголемите јапонски интернет компании, денеска соопшти дека ќе ја преземе познатата апликација за мобилни пораки и телефонирање, Вајбер, за 900 милиони долари.

Оваа зделка е последна во низата агресивни аквизиции на Ракутен, која пак има намера да стане лидер на светскиот пазар за интернет услуги, а преку Вајбер да влезе во глобалниот пазар на мобилни апликации за комуникација.

Вајбер сега е во позиција својата база на корисници да ја зголеми за дополнителни 225 милиони корисници на Ракутен, покрај сопствените 300 милиони корисници.