Скопски бизнисмен приведен по барање на СЈО
16.08.2017 14:19
Засега, ниту Специјалното обвинителство, ниту полицијата не откриваат повеќе детали за случајот. Се работи за предистражна постапка.
Скопски бизнисмен е приведен по барање на Специјалното јавно обвинителство. Во текот на ноќта е задржан во полициска станица.
Засега, ниту Специјалното обвинителство, ниту полицијата не откриваат повеќе детали за случајот. Се работи за предистражна постапка.
Не е познато дали и за што се товари бизнисменот. Повеќе медиуми пренесоа информации дека причината треба да се бара во објавувањето приватни прислушувани материјали на „Јутјуб“.