Возачот и патниците од превртениот автобус бидат сослушани од понеделник
23.08.2017 12:14
Поради здравствената состојба на возачот кој е во болница, ќе се чека неговото опоравување, велат од Oбвинителството.

Од понеделник ќе биде сослушан возачот на автобусот што се преврте на автопатот Велес-Скопје, при што беа повредени 28 патници, а подоцна 68-годишна скопјанка почина на КАРИЛ.
Поради здравствената состојба на возачот кој е во болница, ќе се чека неговото опоравување, велат од Oбвинителството.
Ќе бидат сослушани и сите патници кои биле во автобусот. Потоа ќе се изврши вештачење и анализи во врска со настанот, по што ќе можеме да лоцираме кај кого е кривичната одговорност, изјави обвинителката Tемелковски.
